Поднесени нови докази за убиството на полицаецот кај ПМФ

Ќе има ли ново судење за Дрпљанин, еден од најбруталните убијци осуден на доживотен затвор?

Нови докази се поднесени за случајот „Алфа" за убиството на полициските службеници кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност. Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје вели дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа" се наоѓа во Апелацискиот суд Скопје каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.

Се додека Апелацискиот суд Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа", поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Претседателот на Основен Кривичен суд Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа“ се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.

„Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелацискиот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна“, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. 

По Дрпљанин кој беше уапсен летото 2012 година во Косово, беа распишани неколку меѓународни и поголем број национални потерници за бројни тешки кривични дела извршени во Македонија.

Министерството за внатрешни работи во соработка со косовската полиција на 26 јануари, 2015 година успешно ја заврши екстрадицијата на 35 годишниот Алмир Дрпљанин кој беше спроведен во штипскиот затвор за одлежување на бројни затворски казни меѓу кои и доживотни. Во Македонија беше екстрадиран од косовскиот затвор Дубрава. 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе