Кривичениот совет го одби барањето

Кичеец бараше да работи на слобода за да можел да заработи пари за петте деца, ама не доби условен отпус

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за условен отпус на Зоран Милевски Кичеец. Овој осуден наместо издржување на тригодишната затворска казна за случајот „Рекет“ поднесе барање според кое требаше да му се дозволи тој да работи, за, како што вели да може да ги издржува неговата мајка и петте деца, бидејќи се разведе од сопругата. Но, Судот му го одби ова барање и одлучи дека Кичеец треба да остане во затвор. 

„Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет", Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива“, соопштија од Основниот суд. 

Од таму додаваат дека Решението во текот на денешниот ден е испратено до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку првостепениот до Апелациониот суд Скопје.

Според Управата за извршување санкции, Кичеец треба да го напушти струшкиот затвор на 7 февруари 2023 година. За него, според одлуката за Кривичниот совет нема условен отпус, туку ќе треба казната да ја издржи до последен ден. 

Освен за случајот „Рекет“ каде е осуден на затвор од 3 години, Милевски доби затворска казна од 6 месеци за сторена тешка сообраќајка. Во сообраќајката која се случи на 4-ти септември кај преминот Стража загина 34-годишниот Евзаљ Селими од гостиварско Долна Бањица, татко на две малолетни деца.

Во оваа сообраќајка поредени беа и 7 лица. 

Процената на обвинителот Арсим Адеми дека Зоран Милевски Кичеец усмртил човек во сообраќајка од небрежност, го спаси од долги години затвор. Наместо над 4 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со процената од Основното јавно обвинителство Гостивар дека сообраќајката со жртва е сторена од небрежност, казната според Кривичниот закон е парична или затвор до една година.

Редакцијата на МКД.мк пред неколку дена го праша обвинителот Адеми што било пресудно за да утврди небрежност кај Кичеец, на што ни беше одговорено дека обвинетиот бил свесен за штетните последици што би можеле да настанат, но лекомислено сметал дека тие нема да се случат.

Кичеец, иако усмрти човек и повреди 7 лица, сметал дека затворска казна е непотребна и дека целите на казнувањето за тоа што го сторил ќе може да се постигнат дури и ако добие условна казна. И да, условните казни не се нешто ново кога станува збор за сообраќајка во која има жртва. На пример, за сообраќајката кај Млечен што се случи во 2018 година првично беше изречена условна пресуда, но потоа Апелацискиот суд одлучи дека казната треба да биде 2 години затвор. Гоце го загуби животот на 32 години во сообраќајка во октомври 2018 година во Скопје, а Наташа, која била бремена, освен повредите го загуби и плодот.

Добивме одговор од Обвинителството дека за сообраќајката што се случи на 4 септември годинава Кичеец признал вина, а обвинителот Арсим Адеми дал предлог тој да биде осуден на затвор од 6 месеци. Она што го буквално го спасило Кичеец од затвор од над 4 години, колку што предвидува членот 300 став 2, е процената на обвинителот е дека тој делото го сторил од небрежност.

Во тој случај Кривичниот закон предвидува дека сторителот може да се казни со парична казна или со затвор од најмногу една година.

И поради големата разлика во казната, редакцијата на МКД.мк побара објаснување од обвинителот Адеми што било пресудно за да утврди небрежност кај Кичеец. Одговорот што го добивме е дека Адеми утврдил небрежност бидејќи Кичеец бил свесен за штетните последици што би можеле да настанат, но лекомислено сметал дека тие нема да се случат.

„Сите утврдени факти во вештачењето за наведениот предмет упатуваат дека обвинетиот го сторил делото од небрежност, односно бил свесен за штетните последици што би можеле да настанат, но лекомислено сметал дека тие нема да се случат (претекнувал на полна лента, лекомислено верувајќи дека со тоа нема да предизвика тешка сообраќајна несреќа). Притоа, тој не возел со брзина поголема од дозволената и не управувал со возилото под дејство на алкохол или дрога, што би можело да исклучи дека делото е сторено од небрежност. Конкретните елементи врз основа на кои се утврдува небрежност се утврдуваат во секој предмет поединечно, но најчесто тие вклучуваат управување со автомобилот под дејство на алкохол или дрога, големо пречекорување на дозволена брзина, свесно преминување на црвено светло и сл", ни одговори Обвинителството од Гостивар.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе