Обвинетиот немал решение за самоизолација

Камчев позитивен на ковид-19 дојде на судењето за „Плацеви на Водно“

Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на ковид-19.

Според одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев вчера направил брз антигенски тест на ковид-19 и кај него е детектиран вирусот, но чека решение за самоизолација.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе