Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница

Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово, открива јавниот обвинител, Љубомир Јовески ексклузивно за ТВ 24 вести.

„Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството презема многу дејства. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци“, вели тој.

На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.

Од Основното обвинителство во Тетово неофицијално се најавува дека ќе бидат поднесени пријави против четири лица, едно правно и три физички за пожарот во модуларната болница.

Во текот на следните денови се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово, а по завршување на истрагата ќе бидат поднесени четири пријави.

Во текот на предистражната постапка над 30 доктори и медицински сестри биле повикани да дадат изјава, а биле собрани и сведоштва од очевидци и членови на семејствата.

Во истрагата учествуваа и германски експерти, кои го доставија извештајот пред три месеци за пожарот кој се случи на 8 септември минатата година, а притоа загинаа 14 лица.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе