Jaвното обвинителство потврди дека се постигнати спогодби за дел од предметот „Империја“

Основниот кривичен суд Скопје прифати две предлог спогодби склучени пред поднесување на обвинителен акт помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и двајца обвинети во предметот „Империја“. Спогодба постигнале Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ.

„Спогодбите се однесуваат за кривични дела опфатени со Наредбата за спроведување на истражна постапка за период до 2009 година. Со опишаните дејствија обвинетиот Ј.К. сторил кривично дело  „злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 и чл.22 од КЗ, додека обвинетиот Н.Ј. сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273 ст.1 од КЗ. Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела што им се ставаат на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година во која ќе им се засмета и времето поминато во притвор. Во исто време, правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“ АД Кавадарци беше задолжено да ја надомести штетата на Буџетот на Република Северна Македонија на име на неплатени даноци во износ од 320.918.372,00 денари.
Во временскиот период од јануари 2004 година до март 2006 година обвинетиот Ј.К. заедно со обвинетите К.К.С. и З.А. и покојниот И.К., како одговорни лица извршни и неизвршни членови на Одборот на директори во правното лице „Орка холдинг“  кое во октомври 2004 година е преименувано во ДПТУ „ХООР“ АД Кавадарци, ги искористиле своите овластувања и положба и го оштетиле доверителот – Министерството за финансии, Управа за јавни приходи Скопје, за износ 322.918.371 денари.
Обвинетиот Ј.К., во јануари 2004 година, основал оф-шор компанија во САД. Од страна на обвинетите Ј.К., К.К.С. и З.А. заедно со сега покојниот И.К. била донесена одлука за склучување на фиктивен договор со компанијата за наводна изработка и испорака на конфекција – воени униформи. Компанијата која немала вработени лица, ниту деловни активности, била застапувана од обвинетиот Д.Ј., вработен како возач во правното лице „Орка холдинг", кој прифатил да се потпишува како полномошник. Заради наводно обезбедување дека униформите ќе бидат изработени, поголем дел од имотот на „Орка холдинг" бил ставен под хипотека. За да го намали имотот на „Орка холдинг", обвинетиот Ј.К. во име на правното лице од САД во период од мај 2004 година до мај 2005 година, во неколку наврати изготвувал невистинити фактури со вкупен износ од 11 милиони евра кои биле евидентирани во книговодствена евиденција како вистинити.
Овие фактури биле основа правното лице во чие име постапувал обвинетиот Д.Ј. да поведе судски постапки и да бидат признаени побарувањата што произлегуваат од нив. Врз основа на извршни решенија, правното лице – доверител ја блокира жиро сметката на „Орка холдинг"  кое во меѓувреме се преименува во „ХООР".
На крајот на август 2005 година обвинетиот Ј.К. иако знаел дека побарувањата се невистинити преку правното лице – доверител, поднесува барање за отворање на стечајна постапка над „ХООР". Со тоа Ј.К. како вистински сопственик на правното лице – доверител поднел невистинито стечајно побарување, по што Основниот суд Кавадарци во 2006 година донел решение со кое го одобрил планот за реорганизација на стечајниот должник „ХООР" во стечај.
Со ова за правното лице од САД е прибавена противправна имотна корист од 108.251 акции и станува доминантен сопственик на акциите на правното лице „ХООР" на кое правен претходник е „Орка холдинг" .
Правното лице од Швајцарија каде еден од крајните сопственици бил сега покојниот И.К. станува сопственик на 18.381 акција, па доверителот Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје е оневозможена да го наплати побарувањето во износ од 322.918.371 денари утврдено со решение на Основен суд Кавадарци.
Во јуни 2006 година на седница на Собранието на ДПТУ„ХООР"АД Кавадарци на која двете правни лица – сопственици на капиталот биле застапувани од обвинетиот Н.Ј. е донесена одлука „ХООР" повторно да се преименува во „Орка холдинг" АД Скопје. Обвинетиот Н.Ј. поттикнат од сега покојниот И.К. како полномошник на двете правни лица – сопственици на капиталот, во јули 2007 година, иако знаел дека 126.632 акции од „Орка холдинг" се прибавени со кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување склучил договор за купoпродажба. За износ од 21.588.000 денари на правно лице од Лугано му продал 99,88% од акционерскиот капитал, а правното лице било преименувано во „Евро Балкан груп“. Во август 2012 година акциите повторно се продадени на правното лице „Орка холдинг"  за износ од 61.380.000 денари, по што „Евро Балкан груп“ во септември истата година е преименувано во „Кара" АД Скопје со што бил прикриен изворот и сопственоста на акциите.
„Кара" АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг" и ХООР" на 26 април .2022 година по претходно дадена сметка и износ од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исплати износ од 320.918.372,00 денари на сметката на Управата за јавни приходи.
За останатиот дел од истражната постапка позната во јавноста како „Империја", во која е опфатен период по 2009 година, како и стечајната постапка на МПМ, постапката продолжува, течат роковите во кои согласно законот обвинетите и одбраната имаат право на увид во доказите и предлагање на докази. По истекот на овие рокови предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука“, соопшти Јавното обвинителство.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе