Одложено судењето за „Топлик“

Јанакиески во самоизолација, имал контакт со заболен од ковид-19

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација, поради контакт со заболен од коронавирус. Ова на денешното рочиште за случајот „Топлик" во кој тој е обвинет го кажа судечкиот судија Осман Шабани.

Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложи документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траеше од 14 денови.

Следното рочиште за „Топлик" е закажано за 18 ноември.

Покрај Јанакиески, во „Топлик" обвинети уште петмина вработени во Министерството за транспорт и врски. Основното јавно обвинителство ги гони за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Јанакиески, според обвинението, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град" во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Штетата што ја направиле на државата е 65 милиони денари или милион евра.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе