Нова неизвеснот за поранешниот министер

Јанакиески денес излезе од притвор, ама Русковска ќе бара нов за „27 април“

Нова неизвесност со притворот на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Еден му е укинат, но има најава за нов. Телма дознава, а од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека по добивањето на решението дека му е укинат притворот за предметот ТНТ, ќе бараат нов за случајот Организатори на крвавиот четврток.

Обивнителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство. Токму денеска, вели Русковска, е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од „27- ми април" во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески. Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

За ексминистерот Јанакиески, после три години, скопскиот Апелациски суд одлучи дека мерката куќен притвор треба да ја замени со мерки за претпазливост и тоа забрана за напуштање на државата и Скопје, обвинетиот да се јавува во Суд и му даде забрана за издавање на нов пасош

Инаку Јанакиески пак има правосилна затворска казна од 6 месеци и 3 години како организатор на инцидентите во Собранието од 27 ми април.

При изрекувањето на оваа пресуда, не можеше да се изрече и мерка притвор како на останатите осудени Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски и покрај тоа што обвинителстовто сметаше дека има опасност од бегство но за Јанакиевски притвор веќе имаше. Тие се уште се во домашен притвор бидејќи кривичниот суд процени дека после пресудата може да избегаат.

Утре продолжува судењето против Јанакиески за ТНТ кое е во завршна фаза.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе