Соопштение

Јадран филм: Кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев

Американско-хрватската компанија Јадран филм ДОЕЛ Скопје поднесе кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев. Освен тоа Јадран филм во соопштението до медиумите најави дека ќе поднесе и тужба против македонската влада со оштетни побарувања од најмалку пет милиони евра пред меѓународните судови во Вашингтон и Луксембург.

Американско-хрватската компанија, косопственици на Јадран Филм дооел Скопје, „поради извршување и поттикнување на повеќе тешки кривични дела, очигледна  заштита, поттик и поддршка на корумпираната структура во Владата и Агенцијата за филм, како и прикривање на најтешките кривични дела“, поднесоа кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот, Зоран Заев, соопшти Јадран филм.

Се работи за неспроведувањето на правосилната пресуда што Јадран филм ја има во спорот со Агенцијата за филм (ТСЖ-168/19, 19 февруари 2019 година). Со оваа пресуда раскинувањето на Договорот меѓу Јадран филм и Агенцијата за филм од 27 септември 2017 година се прогласи за ништовно, со што ништовни стануваат и сите последици од тој противзаконски раскинат договор, вели компанијата. Агенцијата за филм, која е под директна надлежност на Владата, правосилно ги изгуби споровите против Јадран филм, а во врска со ТВ серијата Македонија.

Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и тогашниот директор на агенцијата Горјан Тозија ги исцрпеа сите законски можности против Јадран филм, се вели во соопштението.

„Правосилно е утврдено дека директорот на владината агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони, прогласен е за виновен за сета штета која е нанесена, штета која од ден во ден сѐ повеќе расте.
Агенцијата за филм, Владата и премиерот, за да ја спроведат правосилната одлука ги обрврзуваат следниве пресуди: Основен суд од 12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17, Апелациски суд во Скопје од 19.02.2019, предметТСЖ-168/19 и Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019, одбивање на барањето да се ревидира целиот случај. Со ова Агенцијата ги исцрпи сите законски можности. За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27 септември 2017 година. Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм ги пречекорил своите овластувањата и го раскина Договорот поради одбиениот рекет.

Наместо да ја спроведат правосилната пресуда, службени лица на Агенцијата за филм на РС Македонија се впуштиле во извршување на најтешки кривични дела со очигледна намера да го избегнат спроведувањето на правосилната судска пресуда.

Таа правосилна пресуда, владината Агенција, одбива да ја спроведе и со измама, со т.н повторни раскини на Договор, со антидатирани фалсификати, притоа правејќи низа на тешки казнени дела, се обидува да ја уништи американско-хрватската компанија која ја победи Агенцијата правосилно на суд.

По правосилната пресуда, Агенцијата за филм, го одби понуденото мирно решение и продолжи со своето коруптивно однесување кое доведе до ескалација на политичкиот терор. Со оглед на тоа што Агенцијата за филм е под надлежност на Владата, во случајов на чело со премиерот Зоран Заев, директорот и претставниците на Јадран филм доел Скопје, како и американскиот косопственик, повеќе пати официјално и документирано му се обратија на премиерот со барање да се спроведе правосилната пресуда и да ги почитува законите на сопствената држава.

Понудивме и решение со кое не бараме отштета за огромната штета што ја направија Тозија и Агенцијата за филм, туку да ја вклучиме и Агенцијата за филм во дел од заработката од дистрибуцијата на ТВ серијата Македонија. Тоа би биле околу 150.000 долари за државниот буџет од дистрибуцијата на серијата. Со одбивањето на ваквата понуда, повеќе од јасно е дека причините за терор над нашата компанија се од друга природа. Наместо Македонија да ги добие тие стотици илјади долари, ние сме присилени да трошиме огромни средства за меѓународни правни тимови, судски трошоци и да подигнеме барање за отштета. Ниту еден од овие спорови не може да биде добиен од страна на Владата.

Сосема е јасно дека премиерот Зоран Заев и неговите луѓе од „организацијата“ дејствуваат на штета на државата и на штета на сите нејзини граѓани, бидејќи милионската штета и срамниот меѓународен скандал што сега го направија, премиерот Зоран Заев и неговата „организација“ нема да го платат. Нашите правни тимови во САД, Луксембург, Франција, Белгија и Хрватска подготвија тужби и отштетни побарувањата.

Поради карактеристиките на терор врз американската компанија и нејзини граѓани, подготвуваме и активирање на „Магнитски акт“ пред официјалните органи во САД.

Нема да дозволиме „злосторничкото здружение“  да  помине неказнето за она што го има направено. На 5 октомври директорот на Јадран Филм упати јавно писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, во кое го повикува да ги почитува правосилните одлуки на судовите на државата на која тој е премиер. Истиот ден, кога беше објавено писмото, истото попладне ескалира теророт врз Јадран филм“, се вели во соопштението на Јадран филм.

Според оваа продуцентска куќа, јасно е дека зад годините на терор врз ТВ серијата Македонија, врз американско-хрватската компанија Јадран филм, стои лично премиерот Заев.

„Од промовирањето и личната поддршка на Тозија и неговата корупциска структура, уцените и рекетирањето, криминалното однесување и извршувањето на најтешките кривични дела фалсификување, антидатирање на службени документи, „повторните раскинувања“, извршувањето на најсериозна форма на политички терор, загрозување на човековите права и уметничките слободи, до притисоци за „отстранување на неподобните“ актери, режисери, сценаристи, соработници, преку налудничави барања за промена на името на ТВ серијата затоа што државата Македонија „го сменила името“, до обиди да се изнудат обвиненија за невини луѓе“.
Следуваше уште едно писмо до премиерот Заев.

Владата во одговорите до МКД.мк за причините за неспроведување на правосилната одлука се повикуваше на некои судски процеси кои се одвиваат. Нема никакви процеси кои се одвиваат освен оние кои се предизвикани со фалсификување, антидатирање , т.н „повторни раскинувања“ кои со очигледна поддршка и лично покровителство на премиерот Зоран Заев, ги направија службените лица од Агенцијата за филм, велат од Јадран филм.

На барање на Државната комисија за спречување на корупцијата Горјан Тозија е сменет од позицијата директор на Агенцијата за филм, но кратко потоа премиерот Зоран Заев го промовира Горјан Тозија за национален координатор на проектот Преспа.

„Од документите и сите писма што беа испратени до премиерот Заев, од 2017 година до денес, јасно се гледа дека премиерот во повеќе наврати и детално бил информиран за вистинските причини за незаконското раскинување на Договорот со Јадран филм и детално бил информиран за голем број на корупциски измами, уцени и рекетирањеод страна на Горјан Тозија, за тешката измама што ја направил Тозија во Загреб, кога двапати го продал истиот стан по што морал да побегне од Хрватска.

Тоа јасно говори дека Зоран Заев ја подржува корупцијата, беззаконието и политичкиот терор и дека лично стои позади Горјан Тозија и неговите криминални структури, кои и денес владеат со Агенцијата за филм.

Покрај премиерот Зоран Заев, членови на тоа злосторничко здружение се: Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, поранешен член на УО на „Тозија“, а актуелен директор на Агенцијата за филм, претседател на УО на Агенцијата Александар Касапинов и уште неколку други службени лица, детално опишано во наведената пријава.

Ова злосторничко здружение, криејќи се зад институцијата Влада на РСМ, извршило повеќе тешки кривични дела од Кривичниот законик на РСМ.

Оваа јавна објава е и јавен повик до сите во Македонија, до сите луѓе и институции, до сите одговорни луѓе, да го спречат овој срамен меѓународен скандал, кој допрва треба да ескалира, и да спречат милионска штета за Македонија. Ги повикуваме сите надлежни органи на Македонија, Собранието и сите пратеници во парламентот, сите политички партии и сите оние кои можат да го сопрат нанесувањето на штета и срам за Македонија од страна на  „злосторничкото здружение“ предводено од премиерот Заев, да го сторат тоа“, се вели во писмото на Јадран филм и американските и хрватските партнери на серијата Македонија, потпишано од Винко Грубишиќ.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе