Барањето на адвокатскиот тим е одбиено

Европскиот суд одби да ѝ наложи на државава да го пушти Камчев во домашен притвор

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го одби барањето на адвокатскиот тим на Орце Камчев на државата да и се изрече времена мерка со која тој ќе биде во домашен притвор и ќе му биде извршен медицински преглед од кардиолог поради неговата влошена здравствена состојба.

Ова всушност значи дека ЕСЧП одбил да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Владиниот агент на Бирото за застапување на државата пред ЕСЧП Даница Џонова, во изјава за МИА, потврди дека барањето за времена мерка против државата за Камчев е одбиено.

Адвокатскиот тим на Камчев, претходно во неколку наврати алармираше дека имаат медицински белешки од кардиолози од земјава и странство, кои укажуваат дека тој спаѓа во група на пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми. Врз основа на тие белешки, одбраната на Камчев, го поднела и барање пред ЕСЧП.

Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно", кој се наоѓа во доказна постапка.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе