Претседателот на Кривичен суд

Џолев од понеделник ќе собира информации, па ќе ја коментира пресудата за сообраќајката кај Млечен ресторан

Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, Иван Џолев ќе ја коментира пресудата за условна казна за сообраќајката со смртни последици во 2018 година кај Млечниот ресторан во Скопје откако ќе собере информации за случајот.

Во изјава за „360 степени“ Џолев вели дека немал повеќе информации за пресудата која што беше донесена вчера, а за неа дознал на крајот на работното време.

„Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, вели Џолев.

Во сообраќајката за која вчера беше изречена пресудата, животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничка се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов. Со џипот управувал Васил Ч., кој тогаш имал 62 години.

Тој признал вина, а судијката Елена Јосифовиќ му досуди само условна казна.

Засега, без коментар за пресудата се и од Основното јавно обвинителство – Скопје. Исто како и Џолев, и оттаму најавиле дека прво сакаат да направат увид во предметот, па да речат како ќе постапат понатаму – дали ќе поднесат жалба.

На одлуката на судот, на социјалните мрежи, пак, вечра прво реагираше сопругата на починатиот, Наташа Апостолоска, која и самата има тешки последици од несреќата нарекувајќи ја одлуката „дно дна“.

Со слична реакција се јави и таткото на починатиот велејќи дека уште пред изрекувањето на пресудата биле предупредени да останат смирени.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе