Реакција

Државното правобранителство против ДКСК: Николовска да одговори за судирот на интереси во нејзиното постапување

Во реакцијата на вчерашното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата Државното правобранителство бара членот на комисијата Катица Николовска јавно да одговори на прашањето дали евентуално постои судир на интереси при нејзино постапување во случајот со Државното правобранителство.

Во вчерашното соопштение Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека поднела барање до Јавното обвинителство за покренување на постапка за утврдување на одговорност, покрај останати одговорни лица и против одговорното лице на Државното правобранителство за склучен договор за дело со Бесмира Ејупи. Во истото се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата, издвојувајќи го како посебен случај склучениот договор на дело со наведеното лице, а преку Катица Николовска, член на ДКСК која го образложила предметот од документите кои ги добила од институцијата,  покрај останато истакнала дека „од добиените документи се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има склучено два договори од март 2021 и сеуште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение за општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено лице. Крактеристично според Николовска е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користи еден терк за секој месечен извештај“.

Од Државното правобранителство потврдуваат дека договорот со Бесмира Ејупи е склучен согласно одредбите од Законот за трансформација на работниот однос, дека истото е сторено по добиената согласност од Министерството за финансии, дека согласно договорот е извршена работата заради која е ангажирано лицето, како и дека согласно договорите од негова страна се дадени потребните извештаи за сработеното со сите прилози со кои се поткрепува истото и кои се проверени и одобрени од надлежно лице во институцијата. „Во целост е запазена процедурата предвидена во позитивното право, што подразбира дека нема незаконитост, ниту каква било злоупотреба во работењето на одговорното лице на оваа институција.

Бараме ДКСК да ѝ одговори на јавноста дали има овластување и надлежност според законот да оценува форма, содржина и начин на составување на извештаите за сработеното од страна на ангажираното лице и да се впушта во анализа на употребени зборови од кои заклучува дека извештаите за сработеното биле идентични, кога неспорно е дека идентични биле и месечни работни обврски кои лицето било обврзано да ги изврши согласно склучените договори.

ДКСК да одговори од каде произлегува констатацијата дека за истите работни обврски на ангажираното лице веќе имало вработено лице кога такво лице нема вработено.

На крајот бараме членот на комисијата Катица Николовска јавно да одговори на прашањето дали евентуално постои судир на интереси при нејзино постапување во случајот со Државното правобранителство“, соопшти Државното правобранителство.

Несудената конзулка Бесмира Ејупи од пет државни институции заработила околу 12 илјади евра од државниот и од повеќе општински буџети. ДКСК покрена постапка, а вчера донесе одлука да поднесе иницијатива за кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети (Сарај), Висар Ганиу (Чаир), Енвер Пајазити (Брвеница) и Борче Митовски (Петровец).

Тие ги потпишувале договорите на дело со Бесмира Ејупи во 2021-вата година. Според договорите Ејупи требало да оди секојдневно на работа во повеќе институции што е и физички невозможно. Покрај тоа во извештаите за сработеното, за Ејупи било впишувана една те иста содржина. Ејупи се уште е на државна плата од парите на граѓаните во Државното правобранителство.

„Основа за овој предмет се написите кои се појавија во медиумите во однос на исплата на средства по однос на договор за дело на едно лице од повеќе институции, односно како што е познато за новинарката Бесмира Ејупи која по основ на договори за дело добивала средства од четири општини и од една државна институција. Имајќи предвид дека нашиот закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење“, рече Катица Николовска член на ДКСК која го образложи предметот од документите што ги добиле од институциите.

Таа појасни дека до сите инволвирани институции било испратено барање да доставаат соодветна документација поврзана со овој случај. Од добиените документи, рече Николовска, се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има два договора од март 2021 и сѐ уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено едно лице.

Карактеристично, според Николовска, е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користел еден терк за секој месечен извештај.

Името на Бесмира Ејупи стана актуелно откако беше обелоденето дека иако нема никакво искуство во надворешната политика, МНР ја предложило за нареден генерален конзул во Њујорк. По реакциите на јавноста, владата и МНР беа приморани да се откажат од својата идеја, скапо платената административка да стане дипломат. Засега нема никаква иницијатива за враќање на парите кои ги земала од државни институции каде одговорни лица биле од ДУИ (4) и од ВМРО-ДПМНЕ (1).

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе