Истрагата изненадување за ДКСК

До антикорупционерите немаше пријава за Мухамед Зекири, вели Ивановска

Досега во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема пристигнато никаква пријава од кого било, ниту анонимна, ниту од познат пријавител, во врска со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, така што за сите нас ова беше новина, изјави денеска претседателката на Антикорупција Билјана Ивановска.

Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесе неотповиклива оставка од функцијата генералниот секретар на Владата, која премиерот Димитар Ковачевски ја прифати.

Во меѓувреме судија на претходна постапка од Кривичниот суд издаде наредба до надлежната полициска станица Зекири да биде спроведен.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти утрово дека е отворена истрага за Мухамед Зекири кој се сомничи дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил буџетот за речиси 150 илјади евра.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предистражните дејствијва за  проневера против Зекири и уште двајца хрватски државјани се покренати во втората половина на минатата година.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе