Кривичен суд

Денеска завршни зборови за настаните пред Општина Центар

Денеска во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Насилство во Центар" од 2013 година ќе се одржат завршни зборови на одбраната. Обвинителката Фатиме Фатаи на последното рочиште од обвинение ги ослободи Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, а на обвинителна клупа останаа само Александар Трајковски, Миле Јанакиевски и Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.

Обвинителката Фетаи на последното рочиште во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

Во старото обвинение за ослободената Даниела Рангелова се велеше дека преку пораки им кажувала на присутните пред општината како да се однесуваат.

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески, тврди дека поднесувањето на ново обвинение е поради тоа што Јанакиески успеал да ги оспори сите докази на обвинителството. Доколку немало ново обвинение Јанакиески ќе требаше да биде ослободен од вина, вели Миланов.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе