На рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Боки 13 се скара со судијката оти не доби дозвола да изрази сочувство за починатиот Малиќи

Со вербална расправија меѓу судијката Софче Гаврилова-Ефремова, и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, започна денешното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз“. Презентација на материјалните доказите на обвинителство за кратко го одложи барањето на обвинителот Јовановски, кој од судот побара дозвола да изрази сочувство за починатиот бизнисмен Енвер Малиќи.

Судот не може да претставува медиум како што тврдеше обвинетиот. Новите барања за изземање на судскиот совет можете да ги поднесете писмено, посочи судијката Гаврилова Ефремова.

Воедно, судијката на почетокот на судењето информираше дека последното барање за изземање на постоечкиот кривичен совет од претседателот на судот е отфрлено како недозволено.

Застапникот на обвинението, обвинителката Милица Гаврилова, на денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз", презентираше "Ватс ап", комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, меѓу кои и лицето Адриан Амзоски.

Од презентираните материјали можеше да се види како Амзоски, на обвинетиот Боки-13, му има пратено слики од различни катастарски парцели, од кои дел во Карпош и булевар Илинден. Меѓу долгата комуникација која ја имале наведените лица беа презентирани и фотографии, односно во една од нив може да се видат заедно, во друштво на едно женско лице, обвинетиот Боки-13 и актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Обвинети во овој предмет се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ.

Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе