Основен кривичен суд Скопје

Боки 13 пред уште една пресуда, денес завршни зборови за „Меѓународен сојуз“

Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови. Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска. За случајот „Рекет" Јовановски доби 9 години и во моментов е во затворот во Идризово каде ја издржува оваа затворска казна. По завршните зборови за „Меѓународен сојуз“ ќе следи и пресудата за овој предмет. 

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари".

Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје".

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз".

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе