Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, каде бара да одвои време за една средба.
„Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба", му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.
На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.
Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз" се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка. Како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје".