Во однос на Фросина Ременски судијката рече дека во текот на постапката не се најдени докази за сторено кривично дело. Ременски верувала во добро на проектот за отворање на Старечки домови, како што ѝ било презентирано од Јовановски, но во целата комуникација на Ременски не се најдени инкриминрачки дела.
За виновно е пресудено и невладиното правно лице Меѓународен сојуз на казна од еден милион денари.
Од обвинетите се одземаат предметите кои биле пронајдени во текот на истрагата и процесот.
Обвинетите се задолжени солидарно да им ја надоместат штетата на фирмите на бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски кои биле доведени во заблуда и од имотот на своите компании на Јовановски преку Македонска авторска агенција му исплатиле износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.
Судијката опширно ги образложуваше кривичните дела, а во еден момент Бојан Јовановски бурно реагираше со зборовите упатени кон судијката:
„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ дека си слуга на Зоран Заев, но Господ казнува, не казнуваш ти".
Откако еднаш беше предупреден, потоа кога дофрлањата се повторија, обезбедувањето доби наредба Јовановски да биде отстранет од судницата.