Барањата за отштетата во несреќата на „Беса транс“ се над 750.000 евра, вели адвокатот на дел од семејствата

Адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс" на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, Николај Димитров, за МИА изјави дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра.

Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза.

Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве", кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили.

Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци.

Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми.

Лимитот за цивилна одговорност во Северна Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани.

Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност.

Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал. 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе