Кривичен суд

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна за Никола Груевски во предметот „Насилство во општина Центар“ што го отвори некогашното Специјално јавно обвинителство, а воедно ги одби жалбите на одбраната и на останатите обвинети кои беа осудени на условна казна. За предметот „Тарифа“, започнат исто така од СЈО,  Апелацискиот суд донесе одлука судењето да се врати отпочеток. 

„Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како 'Насилство во О.Центар', од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува. Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни и осудени на: Н.Г. – затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци, додека М.Ј., А.Т., Д.С., Д.Т., Т.П. и И.Б. на алтернативна мерка – Условна осуда“, велат од Основен кривичен суд Скопје.

Предметот „Тарифа" пак скопска Апелација го врати на повторно судење и сега е заведен со број КОК бр. 123/21. Термин за прво рочиште дополнително ќе биде определен, соопшти судот.

„Тарифа“ е еден од предметите со најмногу рочишта, над 60. Според обвинението, станува збор за злоупотреба на околу 4,4 милиони евра државни пари на ЕЛЕМ.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе