Апасиев за изборот на Дамева: Со СДС дочекавме судии да одговараат пред приправници!

Судски службеник од Основен суд (стручен соработник на Кацарска) и член на правната комисија на СДС – избрана за претседател на Судскиот совет кој ги бира судиите и пред кого тие одговараат дисциплински!? Значи, да повториме: дочекавме судии да одговараат пред приправници! Браво за СДС на нашата земја кои и невозможното го прават возможно“, коментира на својот фејсбук-профил Димитар Апасиев, пратеникот на Левица за изборот на новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева.

Дамева вчера беше избрана за нова претседателка на Судскиот совет. За неа гласаа 10 членови на советот, а против беше само Лорета Георгиева, судијка од Струмица.

Дамева вчера порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе