Акцијата на МВР била дел од меѓународна акција во која се запленети 1,3 тон кокаин

Големата полициска акција за откривање недозволена трговија со дрога во скопското село Крушопек заврши и притоа бил запленет еден килограм кокаин. Оваа aкција била дел од една поширока меѓународна акција, во соработка со полицијата во Црна Гора и Италија. Целата пратка на кокаинот од Колумбија била тешка 1.3000 килограми кокаин.

Еден килограм од овој кокаин завршил во Крушопек, a не како што првично беше информирано од МВР - 1,3 тон.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил за оваа полициска акција повеќе детали најавува за утре.

„Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, објави Чулев.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе