За заканите дека ќе ги отвори џамиите во време на епидемија

Адвокатот Тортевски поднесе кривична пријава против Реџепи

Адвокатот Александар Тортевски вели дека поднеле кривична пријава до сега веќе поранешниот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи се закануваше во време на епидемија дека ќе ги отвори џамиите. 

„Поднесовме кривична пријава против реисот за заканата дека ќе ги отвори џамиите, и дека ова ќе стане Авганистан... ако не му дадат пари", рече Тортевски во вчерашното гостување на ТВ 21.

Реџепи во ек на пандемија рече дека ако државата не им даде финансиска помош на ИВЗ, тој ќе ги повлече забраните за одење во џамија.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе