Со писмо до јавноста

Адвокатот Даути за „ТНТ“: Се извинив и го напуштив судењето, па ме известија дека сум казнет со 4.000 евра

Адвокатот на Елизабета Најдовска, Мерџан Даути испрати писмо до јавноста за процесот „ТНТ". Во писмото тој се жали неедваквост во процесот. Додава дека не е точна информацијата оти вчера се обидел да го одложи рочиштето, туку барал негов колега, со претходна дозвола од клиентот да го замени поради рочиште од друг предмет во Судот во Тетово. Адвокатот Даути посочува дека за тоа постојат и видео докази, но е наведено и во записникот од рочиштето.

„После 3 замолници и уредно доставен писмен поднесок пред започнување на главната расправа го информирав судот и притоа му се извинив дека морам да ја напуштам салата, при што уште еднаш истакнав дека судењето може да продолжи и без мое присуство, а во согласност со Законот за кривична постапка. Откако се извинив и ја напуштив салата од медиумите бев информирам дека сум казнет со драконска казна од 4.000 евра бидејќи барав само да се почитува Законот за  кривична постапка и да продолжи судењето без мое присуство, а не како што информираа некои медиуми, со цел да се одложи судењето“, вели Даути.

Бранителот се пожали и на неспроведување на Законот за јазици, бидејќи вели дека иако уредно побарал доказите да преведат на албански јазик, досега нема добиено ниту еден материјален доказ назад.

„Во врска со написите на некои медиуми дека рочиштата претходно сум ги одлагал со мое барање за користење на албански јазик, сакам да истакнам дека тоа право ми е загарантирано согласно Законот за јазици и сметам дека сите ние треба да придонесеме да се почитуваат законите во Р.С.Македонија, а непочитување на истите едноставно да се квалификува како оддолговлекување на постапката. Истото се однесува и за судијата поротник на кого согласно закон му беше завршен мандатот, поточно судењето започна одново согласно закон откако тој поротник увиде сам дека номоже повеќе да учествува во постапката и си поднесе неотповиклива оставка. Во врска со користењето на албанскиот јазик сакам да ја информирам целокупната македонска и меѓународна јавност дека иако учествувам повеќе од една година во овој процес и имам испратено над 10 поднесоци до ден денес не ми е преведен ниту еден материјален доказ“, вели Даути.

Адвокатот бара и од вицепремиерот Артан Груби, премиерот Зоран Заев, Судскиот совет, но и од Адвокатската комора да се ангажираат и будно да го следат процесот.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе