Јавно обвинителство

Автобусот на „Беса транс“ 20 пати поминал граница со фалсификувана лиценца, поднесено oбвинение за управителот

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година, со лажна лиценца за вршење на меѓународниот патен сообраќај, негов автобус преку возачи 20 пати ја преминал државна граница. Станува збор за фирмата „Беса транс“ во чиј автобус на автопатот Струма во Бугарија живи изгореа 45 патници од Македонија. 

По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – фалсификување исправа, известуваат од ЈО.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

„Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10 јануари до 21 ноември 2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“, велат од ЈО.

Оттаму посочуваат дека со опишаните дејства обвинетиот сторил кривично дело – фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

„Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштуваат од ЈО.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе