Судскиот совет не дозволи јавна седница за оценувањето на судии

И покрај барањето на екс-претседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова јавноста и новинарите да присуствуваат на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено. Судскиот совет зад затворени врати одлучуваше по барањето од повеќе кандидати за претседатели на Врховниот и Кривичниот суд за повторно оценување поради незадоволство од оценките на вонредното оценување кое Судскиот совет го спроведуваше во текот на декември.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски не го стави барањето на Неделкова како точка за гласање на дневен ред и ја исклучи јавноста. Тој информираше дека начинот на оценување, како што е пропишано во Законот за Судски совет и според Деловникот на работа на Судскиот совет, се врши зад затворени врати, пренесе 24вести.

Според него, нема ниту законска, ниту деловничка можност седницата да биде отворена за јавноста. Тој додаде дека поради заштита  на интегритетот и угледот на судиите, процедурата се одвива зад затворени врати.

Инаку разгледувањето и одлучувањето по барањата за повторно оценување е откако поголемиот број на кандидати за претседатели поднеле приговори на претходното оценување.  Караџовски не одговори конкретно кој побарал да биде повторно оценет, но рече дека тоа го сториле повеќе кандидати.

На медиумите им беше кажано дека нема да има никакви изјави и да си заминат од објектот од Судскиот совет.

Вчера Неделкова од Судскиот совет побара одговор зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190. Таа го повика Караџовски доколку судството е транспарентно како што пропагира тогаш не треба да е проблем да присуствуваат и медиумите на седницата на Судскиот совет.

На денешната седница, членовите на Судскиот совет дискутираат и кривичната пријава што судијата Иван Џолев, инаку кандидат за претседател на Кривичниот суд му ја поднесе на досегашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за примање награда за противзаконито влијание, како и за претставката што против Панчевски ја поднесоа 13 судии, кои го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе