Стоп Операција Сорос има една недела да се извини, или над 11 невладини ќе ги тужат

По прес-коференцијата на движењето Стоп Операција Сорос(СОС) која се оддржа во саботата, и на која движењето обвини дека невладините земале пари од Сорос за да влијаат на изборите, викендов реагираа куп невладници организации. Тие побараа СОС да се извинат за ширењето лажна пропаганда, им дадоа 5 до 7 дена, а во спротивно најавија тужби. Доколку движењето СОС не се дементира и извини досега над 9 невладини соопштија дека ќе поднесат тужби за "навреда и клевета".

Барање за јавно извинување и демат до сега пратија здружението „Млади Европски Федералисти“ кои го демантираа пресот на СОС и соопштија дека нивното друштво е основано пред 26 години. Барања стигна и од гевгелиската локална организација „Патокази“, и од здружението „Проект ЕУ од Кавадарци“ кои движењето „СОС“ го нарекоа „гнасна пропаганда“ и побараа јавен демат и извинување.

Реакции и демани на прес-конференцијата на СОС пристигнуваа и денеска. Денес уште шест здруженија, ја демантираа прес-конференцијата на СОС соопштувајќи дека нивните здруженија се основани пред многу години и немаат политички цели и претензии кон СДСМ.

Од Здружението „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ), соопштија дека најостро ги осудуваат лагите и невистините упатени кон нив, тие известија дека нивното здружение  основано во 2003 година како платформа од повеќе уметници и студенти по театарска и ликовна уметност и архитектура за продуцирање на настани од областа на современата култура и уметност, а нивна главна активност е АКТО фестивалот за современа уметност во Битола.

„Здружението „ФРУ “ ги квалификува изјавите на СОС како тешка навреда и клевета, и бара од истото јавно извинување во рок од 7 дена. Во спротивно, здружението ќе поднесе тужба за навреда и клевета во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда“.

Реагираа и од „Регионален центар за одржлив развој“ од Кртово и од „Здружението за локален развој Акција Плус Ресен“. И двете здруженија демантираа дека служеле како партиски штаб на СДСМ и соопштија дека никогаш не биле искористени за финансирање на политички кампањи.

„„Регионален центар за одржлив развој“ е формирана во далечната 2003 година со средства од програмата на Европскатаа Агенција за Реконструкција. Наша основна визија на здружението е локалниот економски развој“, соопштија од здружението.

И од таму побараа јавно извинување од претставниците на движењето „Стоп операција Сорос“ во рок од 5 дена, а во спротивно најавија тужба согласно Законот  за граѓанска одговорност за навреда и клевета пред надлежните судски органи, велат од здруженијата.

Демант на пес-конференцијата утрово стигна и од Битола. Од „Младински културен центар – Битола“ на СОС им дадоа 7 дена за извинување и демат, а во спротивно и тие најавија тужба.

„„Младинскиот културен центар – Битола“ во 2017 година ќе слави јубилеј, 20 години од своите почетоци како неформална група и 18 години од официјалното постоење. МКЦ-Битола добивала и добива поддршка од преку 20 донатори од земјата и странство и никогаш не била зависна само од еден донатор. МКЦ – Битола веќе девет години работи како национална канцеларија на неформалната мрежа на локални волонтерски центри, Волонтерски центар на Македонија“, реаграат од здружението.

Демати, барања за извинување и најави за тужба денеска стигнаа и од Центар за истражување и развој на општеството ,,ВИЗИО Кичево“, од „Организација на жени на Општина Струмица“, Фондацијата „Метаморфозис" и Невладината организација „КХАМ од Делчево“. Тие ги демантираа претставниците на движењето СОС и дадоа рок од 7 дена јавно да се извинат и во спротивно најавија дека ќе поднесат тужба за навреда и клевета.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе