Реакција

Стојаноска: Поплавата во КАРИЛ не се чисти со џогер, да не се дозволат инфекции

„Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување, позната како КАРИЛ. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани на истата и беа препраќани во други градови и болници“, реагира Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа обвинува дека со ова, беше ставен надвор од функција можеби клучниот објект во терцијарното здравство и прашува дали и каква солуција е тоа за пациентите, граѓаните може самите да донесат заклучок.

„Но, денес ќе поставиме клучно прашање и клучно предупредување до директорката на КАРИЛ, министерството за здравство и другите надлежни институции: Што се превзело оваа клиника соодветно да се подготви и да профункционира? Внимавајте, ова не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер. Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции.

Оттука прашуваме: Што е преземено за санирање на поплавите во КАРИЛ? Дали се направени микробиолошки брисеви од страна на Центарот за јавно здравје? Да потсетиме дека оваа институција е надлежна да го споведе ова земање на брисеви и само со три последователни негативни брисеви може да дозволи клиниката да продолжи да работи.

Дали Министерството за здравство и Санитарниот и здравствен инспекторат се вклучени и запознаени со активностите за враќање на клиниката во функција? На крајот, дали е спроведено испитување на електричната инсталација во клиниката, ако се има предвид дека од нејзината исправност зависат апарати и инструменти кои имаат животовитално значење за пациентите.

Клиниката не е дворче или гаража, за после таква поплава да се расчистува фушерски. Оваа клиника третира едни од најтешките случаи во Македонија и мора во најкратко време и според сите строги стандарди да се врати во функција. Животите на граѓаните се важни. Досегашните фушераи и неодговорности на власта во здравството граѓаните многу скапо ги чинеа. Да не дозволиме нешто слично да се повтори“, реагира Стојаноска. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе