Институт за судска медицина и криминалистика

Станков: Кај ниту еден починат од коронавирус не е направена обдукција

Се уште не е познато колку време коронавирусот се задржува во телото кај починато лице. Директорот на Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, доцент д-р. Александар Станков за МКД.мк вели дека до сега на ниту едно од починатите лица од ковид-19 во нашата држава не е направена обдукција, бидејќи е утврдено дека се починати од инфекција од вирусот.

„На ниедно од починатите шест лица не е направена обдукција. Пет од нив се починати во болнички услови и кај сите е дијагностицирана инфекција со КОВИД 19 плус сите од нив биле со клиничка слика карактеристична за инфекција со ковид-19 а една жртва е почината дома кај која исто така постоела клиничка слика со последователно докажана инфекција со ковид-19 и била под надзор на матичниот лекар. За да се направи обдукција на починати лица кај кои е докажана инфекција со ковид-19 потребни се посебни услови како во просторијата каде ќе се врши обдукцијата така и за луѓето кои ќе ја вршат обдукцијата. Просторијата треба да е добро вентилирана и во неа да владее негативен притисок. Со ова ќе се спречи ширење на вирусот во останатиот дел од објектот каде би се вршела обдукцијата. Персоналот кој би ја работел обдукцијата треба да има заштитни маски, визир, и облека која е непропустлива за вода. Во Институтот постои одделна просторија која е наменета за обдукција на случаи кои се високо ризични и персоналот е снабден со заштитна опрема. Меѓутоа ризикот за ширење на инфекцијата низ објектот е огромен. Исто така постојат многу нејаснотии за вирусот. Не знаеме колку време преживува во телото на починатиот, не се познати сите патишта на ширење. Иако е респираторен вирус сепак неговото присуство е докажано во крвта и фекалиите. Од ова произлегува дека ризикот од обдукцијата би бил огромен со можност за ширење на инфекцијата низ целиот објект и заразување на сите присутни вработени", појаснува д-р. Станков.

Тој додава дека заради сето ова сите релевантни меѓународни институции не препорачуваат обдукција кај починати кои биле на болничко лекување и кај кои е потврдена инфекцијата со ковид-19 како клинички така и лабораториски.

„Сепак морам да нагласам доколку постои случај кој е од судско медицинско значење особено доколку се работи за насилна смрт обдукција мора да се направи. За да се заштитиме ние воведовме протокол за работа со детални прашања кои би ни укажале на можност за постоење на инфекција со ковид-19 како и заштитна облека и сосема одделна просторија за случаи со висок ризик.

Бидејќи смртта е процес а не момент и не сите клетки во телото на човекот умираат веднаш треба да претпоставиме дека вирусот најмалку два дена е присутен во телото на човекот. Иако според најновите истражувања вирусот останува на површина до девет дена тогаш зошто да не остане во телото ист толкав период. Кога ќе се погреба телото веќе нема опасност од ширење на вирусот, меѓутоа треба да се избегнуваат обичаите како што се носење на телото дома, да не се допира телото а најдобро е да не се отвора ковчегот. При предавање на телото на семејството болниците ги имаат препораките од СЗО и според моите сознанија во целост ги спроведуваат", додава доцент д-р. Станков.

К.Д.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе