ССНМ: Останува одлуката за штрајк на новинарите во МПМ

Одлуката за штрајк во организација на ССНМ во редакциите на Медиа принт Македонија останува и покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата, соопштија од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Од таму велат дека дека доколку не дојде до преговори и исполнување на барањата штрајкот започнува како што е планирано на 17 февруари.

„Со оглед на тоа што не се исплатени хонорарите, содржани во првото барање и во очекување на исполнувањето на другите два услова - исплата на јануарската плата и хонорари до 15 февруари, како и информација за плановите на менаџментот во следните 6 месеци, штрајкувачките одбори на Утрински, Дневник и Вест остануваат на одлуката за штрајк. Доколку не дојде до преговори и исполнување на барањата штрајкот започнува како што е планирано на 17 февруари“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Денеска дел од новинарите на Медиа принт Македонија, повторно за време на паузата излегоа на мирен протест пред просториите на МПМ, вчера компанијата им ја исплати декемвриската плата, но медиумските работници стојат и натаму на нивните барања.

Дел од нив се исплата на јанурската плата до 15-ти месецов, исплата на заостанатите хонорари, како и увид на финансиската состојба на МПМ за 6 до 12 месеци. Од менаџментот засега има молк за состојбите во МПМ.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе