Срам: Во Охридското Езеро фрлени маси и столчиња од кафуле

Нуркачи од дното на Охридското Езеро при неодамнешната еко-акција извадиле речиси целосен инвентар за кафуле.

На фотографиите објавени на Фејсбук групата на интернет-страницата за спас на Охридското езеро може да се види секаков вид на отпад, па дури маси и столчиња од кафуле. Но, дали некој го гледа и срамот од човековата негрижа кон нашето езеро.

„Вака ние се однесуваме кон 3 милиони старото природно богатство. Ни трошка почит!“, гласи една од бројните реакции на овие шокантни фотографии. 

Се надеваме, дека според инвентарот, на инспекциските служби нема да им биде тешко да го пронајдат сторителот на овој злочин.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе