Соопштенија

Антинародната ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, а бара широка влада, ја саботира борбата против коронавирусот, а кризата ја злоупотребува во дневнопартиски цели. Со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ги сфати за сериозни, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

20 Ноември 2020 - 13:27

Треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ, се согласија премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната работна средба во Скопје, се вели во владиното соопштение.

20 Ноември 2020 - 12:24

Пациентите со дијабетес и сите други пациенти кои имаат ретинопатија бараат на Клиниката за очни болести да продолжи лекувањето со терапијата „Аflibercept" на нивните компликации по видот. Од почетокот на епидемијата во Македонија, а сега и откако Очната клиника се претвори во ковид-центар овие пациенти се без терапија, што претставува сериозна опасност од слепило, се вели во реакцијата до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

19 Ноември 2020 - 11:08

Водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце е намален за речиси десет пати во споредба со просечниот за ноември и се очекува натамошно намалување во следните денови, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

19 Ноември 2020 - 10:53

„Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се согласам на асимилација на македонскиот народ", напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

18 Ноември 2020 - 12:13

Министерството за труд и социјална политика побара согласност и предлози од Незаисната угостителска комора за владината иницијатива недела да биде прогласена за неработен ден.

17 Ноември 2020 - 11:32

Владата итно да воведе рестриктивни мерки  со двонеделен карантин на целата територија на Македонија. Моделот за колективен имунитет, кој Шведска се обиде да го практикува во справување со пандемијата, ни донесе катастрофа и зави во црно иљадници семејства, се вели во денешното соопштение на ТМРО.

17 Ноември 2020 - 08:35

„Убедени сме во француската поддршка, ако се има предвид дека новата методологија, усвоена токму на иницијатива на Париз, предупредува сите да се воздржат од злоупотреби на нерешени прашања во пристапниот процес. Ако ЕУ е заедница на вредности, тогаш сите треба да се заложат тие вредности и да се почитуваат“, му кажал вицепремиерот Никола Димитров на новиот француски амбасадорСирил Бомгартнер.

16 Ноември 2020 - 15:55

Наместо Костадинов да лаже, нека одговори зошто капиталните инвестиции во овој Буџет се намалени за 13 милиони евра во однос на основниот буџет за 2020 година, од што е очигледно дека идната нема да биде година на капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ и нагласуваат дека во текстот на Буџетот нема грижа за граѓаните, туку издатоци за лускуз на Владата.

16 Ноември 2020 - 14:06

ВМРО-ДПМНЕ некрофилна пак прави настани каде ја злоупотребува смртта на стотици граѓани и се рекламира со тагата на нивните семејства. Починатите и заболените од ковид-19 не се статистика, не се само обична бројка за ДПМНЕ-некрофилна да прави настани и перформанси, да ги злоупотребува во очајната трка за политички поени, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

15 Ноември 2020 - 19:46

Во време во кое вие, чесните граѓани на Република Македонија, својата тешко заработена заштеда сте сметале дека ви е на безбедно, 29 струмички фирми се богателе на ваш грб. Овие фирми, кои се директно поврзани со фамилијата Заеви оствариле профит од 13 милиони евра од невраќање на кредити кои ги земале без покритие од Еуростандард банка, изјави денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

15 Ноември 2020 - 12:57

Ниту со закани, ниту со провокации ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие криминалните шеми во белиот дворец. Подли и ниски се провокациите на ВМРО-ДПМНЕ кои во очаен обид да го прикријат криминалот во своите редови, користат лични навреди, својствено за оваа партија. Лажни вести, деструкција, дејствување на штета на граѓаните, тоа е она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го прават и затоа уште долго ќе бидат опозиција, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

14 Ноември 2020 - 19:01

СДСМ наместо да праќа празни соопштенија и да се обидува да ја дефокусира јавноста, да побараат од нивниот криминалец шеф Зоран Заев да каже што ветил пред Бојко Борисов за македонскиот јазик, историјата и малцинството, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

14 Ноември 2020 - 17:59

Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски,  граѓаните веќе три пати ги поразија неговите антидржавни политики. Затоа Мицко побегна од граѓаните и изборите во Штип. Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската Унија, реагира СДСМ на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

14 Ноември 2020 - 17:17

Директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард банка се Заеви, таму кредити без покритие земал неговиот брат му на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. 29 фирми од Струмица, меѓу кои и Сара инженеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, фирми на бизнис партнерите на Заеви, земале кредити без покритие и од невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

14 Ноември 2020 - 14:30

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе