„Јасно е дека се работи за смислено сценарио на власта во пад, со оглед на фактот дека пред неколку дена министерот Бујар Османи најави дека одбивање на предлогот ќе предизвика меѓуетнички тензии.
Фактот што народот се обедини како никогаш досега против таканаречениот француски предлог, доведе до тоа СДС и ДУИ прибегнат кон нивните познати тактики на сценирани конфликти.
Тоа што министерот Оливер Спасовски постојано најавува дека има информации за тензии, наместо да преземе активности за да ги превенира истите - само потврдува дека хибридниот режим не избира методи за да ја спаси власта.
Бевме сведоци дека и покрај инсценираните настани од вчера, илјадниците кои излегоа на протест не подлегнаа на провокациите кај Мавровка и продолжија да маршираат“, соопшти Левица и додаде дека единствени генератори на криза, поделба и меѓуетнички тензии се врховистичката СДС и амнестираната ДУИ.
„Едно е јасно, народот излегува секој ден помасовно да протестира против распродавањето на АСНОМ-ските вредноста од една генерација на купени и уценети политичари. Народот доаѓа по своето и нема сила која може да го сопре“, соопшти Левица.
За Левица СДСМ и ДУИ се единствен фактор на дестабилизација

Соопштенија
Објавено на
07 Јули 2022 - 09:02