Вторник, празникот 11 Октомври, е неработен ден за сите граѓани

Празникот 11 Октомври, Денот на востанието против фашистичките окупатори во Втората светска војна, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макаедонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија“, соопшти Министерството за труд и социјална политика кое воедно на граѓаните им го честита празникот.

На 11 Октомври 1941 година со вооружениот напад врз бугарскиот полициски участак во Прилеп започна востанието против фашистичкиот окупатор и започна Народноослободителната борба со што народот во Македонија  се приклучи на антифашистичката коалиција.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе