Oпштина Гостивар денеска упати официјално соопштение со кое ги информира граѓаните кои ја користат водата од градскиот водовод дека таа не смее да се пие.
„Поради облините врнежи од дожд дојде до заматување на водата во изворот на реката Вардар и поради тоа, водата од гостиварската водоводна мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење", се вели во извештајот на јавното претпријатие „Комуналец" од Гостивар.
Во соопштението на општината е наведено дека забраната за користење на водата за пиење, ќе важи до наредното известување. Општина Гостивар бара разбирање од граѓаните.Опш