Поради заматување во изворот

Водата oд гостиварскиот водовод забранета за пиење

Водата во Гостивар е забранета за пиење до следното известување, се вели во соопштението на општината, во која е наведено дека поради обилните дождови дојде до заматување на изворот на Вардар.

Oпштина Гостивар денеска упати официјално соопштение со кое ги информира граѓаните кои ја користат водата од градскиот водовод дека таа не смее да се пие.

„Поради облините врнежи од дожд дојде до заматување на водата во изворот на реката Вардар и поради тоа, водата од гостиварската водоводна мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење", се вели во извештајот на јавното претпријатие „Комуналец" од Гостивар.

Во соопштението на општината е наведено дека забраната за користење на водата за пиење, ќе важи до наредното известување. Општина Гостивар бара разбирање од граѓаните.Опш

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе