„Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Постапката за кандидарање започнува денеска и ќе трае седум дена.
Право на глас на изборите има секој член кој активно ќе се регистрира. Можности за активна регистрација има две, преку онлајн платформата ‘активна регистрација‘ и преку општинските организации на СДСМ. Активната регистрација на членовите почнува денеска и ќе трае седум дена.
Сите документи, обрасци, правилници и информации во врска со предвремените директни внатрепартиски избори во СДСМ се достапни на официјалната интеренет страница на партијата“, соопшти СДСМ.