Министерство за здравство

Во годината на пандемијата вработени 446 здравствени работници

Министерството за здравство информира дека минатата година реализирани се 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година вработени се 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти кои го добиле статусот „вработени на неопределено време“. Министерот за здравство Венко Филипче нагласи денеска дека пандемијата е потврда колку е значаен здравствениот кадар.

„Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега", вели Филипче.

Тој информира дека во изминатите три години е дадена согласност за вработување на повеќе од 5000 лица во јавно-здравствените установи и дека за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар, со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

Во соопштението на Министерството за здравство се нагласува дека во септември 2018 година на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5 отсто, а во јануари 2019 година и дополнително се зголемени платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари - 5 проценти за медицинските сестри, 8 проценти на медицинските сестри на клиниките и 10 проценти за докторите специјалисти.

Во септември 2019 година, за 5 отсто е зголемена платата на администрацијата во здравството, а од февруари 2020 година платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, додека пак на медицинските сестри за 10 проценти.

Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, а на здравствени соработници за 15 проценти, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе