Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ:Неспособната власт уби 8 илјади луѓе, а сега Пецаков им е виновен

„СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е винеовен. Ова е истото СДСМ, чиј претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа. СДСМ сака народот да заборави на целата нивна неспосбност", реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ од која беше побарана одговорност за охридскиот градоначалник кој учествувал во прославата на Водици иако бил позитивен на ковид-19.

Во врска со случајот на Пецаков, ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ фабрикува факти.

„Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират. Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за ковид за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал. Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен. И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата најавуваат дека во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета против СДСМ дека ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе