ВМРО-ДПМНЕ: Здравствен колапс, Филипче да поднесе оставка

Сѐ повеќе е јасно дека министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, не знаат во кој правец се движи Република Македонија во однос на пандемијата, која деновиве се повеќе зема замав и бележи огромен пораст на новозаболени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На почетокот на пандемијата Венко Филипче прогнозираше бројка која одамна е надмината и веќе државата е влезена во огромен здравствен колапс. За лошата ситуација во јавното здравство говори фактот што веќе неколку инфектолози и медицински сестри ги напуштија работните места во јавното здравство и заминаа да работат во приватни болници, поради тоа што веќе долг период се соочуваат со реален проблем кој министерот Филипче упорно вели дека не постои, а тоа се лошите услови за работа и недоволната заштита која е неопходна во време на ваква пандемија.

Венко Филипче преку смирени прес конференции пробуваше долг период да ги манипулира граѓаните и преку популистички мерки да ги уверува дека ситуацијата е стабилна, за денес да бидеме сведоци на речиси 20.100 вкупно заболени изминатите месеци и за жал речиси 800 смртни случаи. Ова се податоци кои нималку не даваат надеж, ниту пак се показател дека ситуацијата е под контрола и дека Венко Филипче знае што прави.

За ваквото лошо менаџирање со јавното здравство во ваква пандемија, некој треба да сноси одговорност. Изгубени се многу човечки животи, а за жал бројките на новозаболени изминатите неколку дена се движат околу 400 во само 24 часа и ветуваат подобра слика во наредниот период. 

Чесно е да се признаат грешките и за истите да се сноси одговорност, а доколку министерот Филипче смета дека не ја организира работата како што треба, коректно е да поднесе оставка и да побара помош од здравствени работници кои имаат идеја како понатака, се со цел намалување на бројките кои секојдневно ја разбрануваат јавноста и ги држат во неизвесност луѓето кои поради немањето визија на одговорните, трпат за леб и не знаат до кога ќе трае здравствената, а со тоа и економската криза. Македонските граѓани не смеат да бидат оставени на цедило поради личните суети на Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе