ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски директно ја негираше посебноста на македонскиот јазик

Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја пoсебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари. Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства. Георгиевски и Заев ги отпишаа Македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата. Заев тргнува во последна офанзива за обезличување на државата. ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја“, се вели во партиското соопштение.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе