Реакција на опозициската советничка група во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе го поддржи Шилегов за нов мандат иако нема резултати

Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не изјавата на премиерот дека ќе поддржи кандидатура на Шилегов доколку тој посака нов градоначалнички мандат.

„Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери. Шилегов не оствари ниту 10 oтсто од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена", се вели меѓу другото во реакцијата, во која се додава дека Шилегов ќе остане запаметен и како најнекултурен градоначалник на Скопје.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе