ВМРО-ДПМНЕ: Во време на криза ДУИ и СДСМ ќе потрошат 70 илјади евра за партиска прослава на Рамковниот договор

Власта на СДСМ и ДУИ за еднодневна прослава по повод Рамковниот договор ќе потроши над 70 илјади евра само за журка и пејачи, во време кога државата е во криза и кога во Тетово граѓаните немаат основни услови за живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека тетовци се без вода, десетици села во тетовско, гостиварско се без канализација, а арачиновци се уште сонуваат за канализацијата која им беше ветена уште пред повеќе од 6 години, Ковачевски, Груби и останатите министри од најнеспобната влада ќе потрошат илјадници евра пари на граѓаните за забава“, пишува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека во 21 век има населени место во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово кои газат во кал заради неасфалтирани улици или немаат чиста вода за пиење, ама тоа, како што велат, криминалците од власта не ги интересира.

„Нема пари за проекти и капитални инвестиции ама за тоа има пари за приватна забава на Ковачевски и Груби. Во време на економска и енергетска криза, каде што илјадници граѓани остануваат без работа или не знаат како да го преживеат месецот власта реши да фрли пари за партиска прослава“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе