ВМРО-ДПМНЕ: „Уравниловката“ на Заев само ќе ја доурниса економијата

Република Македонија се соочува со пандемија од огромни размери предизвикана од коронавирусот и со длабока економска криза која може да трае подолго доколку навремено не се преземат мерки за нејзино стабилизирање.  Зоран Заев лицитира со економските штети од пандемијата обидувајќи се да го покрие претходниот грабеж на народните пари. Сумите варираат од 1,2 ,  , па дури и 3 милијарди евра. Тоа е доказ  за расипништвото и неработењето на Владата во изминатите 3 години, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во  светот владите преземаат сериозни мерки за справување со здравствената и економската криза, Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно. Континуирано укажуваме на грешките, но за Зоран Заев е поважна суетата и личното богатење. Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Заев, во ваква криза уште поскапо ја плаќаат граѓаните. Република Македонија и македонската економија доживеа вистински колапс. Граѓаните ниту криви, ниту должни ќе мора да го полнат буџетот кој Зоран Заев го испразнил.

Нудиме соработка и изнаоѓање решение кое ќе помогне македонската економија да го издржи ударот и да застане на здрави нозе. Нашите тимови стојат на располагање и може да се стават во функција доколку Владата донесе одлука за таква соработка. Во овие моменти политиката и политиканството треба да се тргнат настрана и да се донесат вистински одлуки кои долгорочно ќе ја стабилизираат економијата. Попдготвени сме да го образложиме планот како да се снабдат доволно средства во буџетот за оваа криза да се помине што е можно побезболно. Владата на Република Македонија е на потег да ја прифати пружената рака на ВМРО-ДПМНЕ и да прифати соработка.

„Урамниловката" која неколку пати ја спомена Зоран Заев е пример каков што не е запаметен ниту применет во било која европска држава, ниту пак во светот. Таквиот потег само ќе ја урниса дополнително економијата и ќе го осиромаши народот.

Остануваме рамо до рамо со граѓаните и ќе се бориме за заедничко решение кое ќе помогне во оваа тешка ситуација во која се наоѓа Република Македонија. Политиката на страна, да ги спуштиме штитовите и да соработуваме се додека државата не застане на здрави нозе. Животот на граѓаните е пред и над сѐ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе