ВМРО-ДПМНЕ: Стандардот и економијата се уништени, Македонија со најголема инфлација во регионот

Со владата предводена од антимакедонската СДС економијата тоне. Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки. Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа. Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16% што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8%), Бугарија (14,9%), Црна Гора (14,9%), Грција (11,3%), Хрватска (12,7%), Албанија (7,5%), се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова покажува дека кај нас граѓаните осиромашуваат многу повеќе од која било друга земја поради криминалната и неодговорна власт предводена од Ковачевски.

Дека состојбата е очајна говори и фактот што Македонија и во друг сегмент има еден од најлошите економски резултати, а тоа е растот на БДП во второто тромесечие од 2022 година. Македонија има раст од само 2,8% што е два до три пати полошо од сите балкански економии.

Стандардот на народот пропаѓа, цените на основните животни продукти расте за 50 до 100%, стопанството замира, а само криминалот и коруптивните зделки на власта растат. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе