„Масовните кршења на човековите права денес, неправедните притвори и затвори, како и прислушувањето и следењето на опозицијата се само мал изблик на оваа иста авторитарна политичка траекторија која без прекин се простира од времето на Колишевски и Ранковиќ, па сé до Ковачевски, Заев, Спасовски и Зечевиќ.
Оттаму, крајно шизофрени, лицемерни и смешни се обвинувањата на СДСМ за наводна блискост на ВМРО-ДПМНЕ со некаква тоталитарна идеологија. Во немоќта да ја скријат својата тоталитарна природа и восхитеност од злото на комунизмот кое е осудено од цела Европа, СДС ја користи старата добра тактика со сеење на лаги и етикетирање. Но, сепак суштината сите знаат дека не е дебата за Михајлов, туку болната реалност во кој СДС ја донесе Македонија во подредена положба во однос на Бугарија.
СДС е партијата со која почна кочењето на Бугарија на европските интеграции на Македонија.
Зоран Заев - кој според признанијата на членовите на СДС им е 'тетовиран' во срцето и душата - склучи срамен, понижувачки и анационален договор со Бугарија со кој се согласи да се одрече од македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Наследник на таквата антимакедонска политика е и Ковачевски кој договори и прифати услов за почеток на преговорите со ЕУ да бидат токму уставните измени без гаранција за престанок на идно блокирање кон европската цел. Истовремено, СДС е и партијата која дозволи, го оправда и го поддржа формирањето на клубовите Ванчо Михајлов и застапникот на фашизмот и окупатор на Македонија Цар Борис. И денес вицепремиерот на Македониjа од Бугарија соопштува дека законот за здруженија кој и самите го гласаа во македонското Sобрание, а го предложи ВМРО-ДПМНЕ нема да го применуваат за да не се налути Бугарија. Значи тие дозволија Бугарија да уредува Устав и закони во Македонија. Впрочем, да потсетиме дека антимакедонската СДС е партијата која се прогласи за наследник на најстрашниот комунизам кој ја збриша македонската интелигенција, наследник на методите на Темпо, Колишевски и другите комунисти чиј систем вршеше терор врз Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Ченто, Апостолски, Марковски и други.
ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува на СДС наместо да сее лаги и невистини, да се извини за злото што комунистите ѝ го нанесоа на Македонија, како и да се извини за злото што и тие самите ни го нанесоа за време на грабежот во првите две децении од независноста, како и предавствата што ги направија во оваа трета деценија на самостојна и суверена Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.