ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака да ги зголеми платите и да се откаже од акцизата

СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат даноците на горивата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта.

„Но пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци. Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците. Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата, се наведува во соопштението на партијата. Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе