ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ сакаат Јовески да стане уставен судија како награда за заштитата на криминалите на власта

Ја повикуваме власта на СДСМ и ДУИ јавно да соопштат дали е точно дека за нов уставен судија го спремаат Љубомир Јовески кој сега е прв човек на јавното обвинителство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали е точно дека зад насилното кршење на процедурите во Собрание и упадот во Комисијата за избори и именување е само за цел што едно од имињата за нови уставни судии треба да биде токму Љубомир Јовески?

Дали главната заслуга на Љубомир Јовески е затскривањето на криминалите на актуелната влада и политичките процеси и хајки против ВМРО ДПМНЕ?

Дали е точно дека оваа функција му е ветена од страна на првите луѓе на СДСМ-ДУИ и дали ова е цената за сите премолчувања на криминалите на власта“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе