ВМРО-ДПМНЕ: По „пајакот од Мавровка“, сега СДСМ и ДУИ исценираа „пиштол плашливец“

Криминалната власт на СДСМ и ДУИ повторно прикриваат докази, овој пат за случајот со пукањето кај Мавровка, па како во случајот „пајакот од Мавровка", сега ново кривично дело се претвори во „пиштол плашливец", реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното соопштение на Јавното обвинителство во кое беше наведено дека едно лице ќе одговара за предизвикување општа опасност, бидејќи неговиот пиштол бил плашливец, односно не се третира за оружје.

„По една недела од официјалното соопштение на МВР во кое јасно беше потенцирано дека во толпата која мирно протестираше, лицето Е.Ј. од Скопје пукало со огнено оружје - пиштол марка Walter P99 и истиот беше вперен кон толпата која мирно протестираше. Тогаш МВР експресно поднесе кривична пријава, за да вчера Јавното Обвинителство, една недела подоцна да излезе со соопштение дека оружјето кое МВР го пронашла кај осомничениот било различно, односно дека тоа било пиштол за звучна сигнализација од марка EKOL Aras Magnum. На самото место, вечерта кога се случи инцидентот беа пронајдени и испукани чаури од огнено оружје, а не од пиштол плашливец.
Јасно како ден - предавниците Ковачевски и Спасовски со помош на Русковска обвинителството прикриваат докази“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пулените послушници милуваат да го наречат, „претседателот на државата за криминал“, Оливер Спасовски прави кривично дело од член 353 од КЗ, злоупотреба на службена положба и член 365 помагање на сторител во кривично дело, додава партијата.

„Предавниците Ковачевски и Спасовски ќе одговараат за ова прикривање на докази и за целиот криминал кој што го прават во државата. За секое прекршување и за секое кривично дело ќе има одговорност“, се порачува преку соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе