ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за случајот Онишченко е во врвот на власта

Безбедносниот систем во Македонија е полн со неспособни и корумпирани кадри кои се занимаваат со криминал, рекет на бизнисмени и следење на опозицијата, наместо со штитење на безбедноста на државата и уставниот поредок. Тоа е така затоа што власта на Ковачевски тоа им го дозволува, а веројатно и го поттикнува. Скандалот со доделувањето на државјанството на Онишченко е само уште еден показател. Овој случај покажува дека е нарушена безбедноста на Македонија и нејзиниот меѓународен имиџ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорност за оваа афера треба да се бара до самиот врв на власта, односно до премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Спасовски и директорот на АНБ Димовски. Да потсетиме дека кога излезе случајот во јавноста и Ковачевски и Спасовски истиот го релативизираа и оправдуваа, за после соочувањето со реакцијата на јавноста невешто да сменат мислење. Затоа истрагата треба да се прошири и да се утврди дали тие знаеле и го одобриле доделувањето на државјанство на Онишченко кој што се наоѓа на црната листа на САД. Оттука логично се поставува прашањето колку случаи како Онишченко одобрила оваа власт, колку криминогени ликови добиле македонско државјанство и колку пари заработиле тие кои тоа го аминувале?

Јасно е дека власта на СДС и Ковачевски ќе пробаат овој случај да го забошотат и да побараат одговорност на некој службеник или чиновник исто како што тоа го сторија и со скандалот со 215 официјални пасоши доделени на белосветски мафијаши убијци и терористи.  

Нервозата во власта станува сѐ поголема, а со тоа и нивните грешки се сѐ поголеми. За овој случај како и за сите други мора да има одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе