ВМРО-ДПМНЕ обвинува за импровизации во образованието

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста ја обвини власта дека импровизацијата со концепцијата за образованието продолжува, учебници нема, а наставниците се соочуваат со хаос.

„Случајно или не, Концепцијата за основно образование ги изненади сите и не ги консултираше клучните институции и професионалци, туку само одредени таргет групи и одредени професионалци. Но, навреме беше разоткриена и беше адекватно реагирано. Тогаш беше и укинат предметот Историја и беше заменат со предметот Општество, за под притисок на јавноста подоцна да го добие името Историја и општеството кое случајно е многу слично со бугарскиот предмет Историја и цивилизации.

Сѐ случајност до случајност или како што љуби еден од творците на Концепцијата да каже ‘сѐ е импровизација‘. И точно во нашиот образовен систем има многу импровизации кои се создадоа со појавата на некои ликови во образованието, а кулминираа со донесувањето на Концепцијата за основно образование без пред тоа Секторот за истражување во образованието од БРО да направи соодветно истражување“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Концепцијата, разните прирачници, упатства, материјали за учење и слично скапо ќе се наплатат и откако ќе помине некое време и ќе се подзаборават работите истите стручњаци кои ја правеле концепцијата да направат нови импровизации, нова Концепција.

 

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе